Пронајден потонат брод со 700 тони златна руда

Од:

Нуркачите го пронајдоа рускиот брод кој со 700 тони златна руда потона минатиот месец во Охотското Море, а неговите 11 членови на екипажот и натаму се сметаат за исчезнати.

Руските медиуми соопштуваат дека бродот е пронајден на длабочина од 75 метри, пренесува Танјуг.

Товарниот брод „Амускаја“ исчезна на 28 октомври, кога даде сигнал за хаварија во областа на Сантарските острови, по што врската со него беше прекината.

Полицијата во меѓувреме, покрена обвинение против сопственикот на бродот, кој истовремено е и директор на пристаништето Николаевск на Амур, каде бродот е регистриран, бидејќи издал налог бродот да исплови и покрај лошото време и непочитување на прописите за товар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина