Во Њујорк е пронајден дел од еден од давата авиони кои на 11 септември 2001 година удрија во зградите на Светскиот трговски центар, соопшти денеска полицијата.
Делот од авионот, кој е пронајден во средата, се наоѓал меѓу една зграда и џамија во Њујорк. Портпаролот на полицијата во Њујорк Пол Браун изјави дека на пронајдениот дел има идентификациски број на авионот, но не ја прецизира големината на остатокот од авионот.
Во терорстичкиот напад на 11 септември два авиони удрија во Кулите близначки, при што загинаа повеќе од 3.000 луѓе. Двете кули, високи 400 метри, по ударот набрзо се урнаа.