Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Времето во наредните денови ќе биде претежно стабилно.

Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер.

Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно со дожд, на места засилен ветер

Претпладне дожд, попладне разведрување

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Денеска променливо облачно со локален дожд