Професор предупредува дека Романија за десет години ќе остане без лекари-специјалисти

Од:

Романија се соочува со опасноста за десет години да нема лекари – специјалисти од областа на борбата со ракот. Сега има 300 онколози и помалку од 50 радиолози, а последната година ниту еден лекар не се пријавил да специјализира радиологија-онкологија, предупредува проф. д-р Кристиан Кирикуца, радиолог.

Тој истакнува дека теоретски секој романски граѓанин има пристап до лекување, но проблемот е колку специјалисти има.

– Според моите податоци во Романија со 20 милиони население има 300 онколози. Во 2008 година имаше сто радиолози, а денеска се под 50 – посочува Кирикуца.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година