Проектили испукани од Сирија паднаа на либанска територија

Од:

Четири ракети испукани од Сирија експлодираа денеска во источен Либан, без да причинат жртви, јавија западни медиуми повикувајќи се на извор во силите за безбедност.

Проектили испукани од Сирија често паѓаат на територија на соседен Либан. Нивна цел се региони населени со сунити, кои ги поддржуваат сириските бунтовници или засолништа на либанското шиитско движење Хезболахсојузник на режимот на Асад.

Минатата недела една жена загина откако три проектили испукани од Сирија паднаа крај градот Хермел, бастион на Хезболах.

Би можело да ве интересира

Либиските власти пронајдоа речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија