Продуцент на Би-Би-Си суспендиран од работа поради нудење поткуп за доверлива информација

Од:

Продуцент на Би-Би-Си е суспендиран од работа, а емисијата што тој ја продуцираше е симната од програмата, откако беше обелоденето дека понудил поткуп за да обезбеди доверлива информација.

Емисијата што е симната од програмата на Би-Би-Си се однесува на една новинарска истрага во компанија која гради и продава станови и куќи во реонот на Карибите.

Лондонски „Тајмс“ открива дека продуцентот на оваа јавна британска медиумска компанија му пратил електронска порака на еден консултатнт на фирмата, нудејќи му вработување, доколку му даде доверлива информација што би била корисна за темата во телевизиската емисија.

Програмата на Би-Би-Си „Панорама“ е популарна и гледана во Велика Британија, а емисијата требало да се емитува минатиот понеделник, но бил откажана во последен момент. Во емисијата станувало збор за новинарска истрага околу финансиските скандали кои може материјално да ги уништат купувачите на становите и куќите што ги нудела компанијата.

Претставник на Би-Би-СИ го потврди случајот, објаснувајќи дека освен суспендирањето на продуцентот, отворена е и истрага за поткупот.

Овој случај е речиси  идентичен со оние во истрагата на Скотланд Јард за давањето пари од новинари на редакциите на весниците „Њуз оф д Ворлд“ и „Сан“ за добивање ексклузивни информаци од вработени во јавниот сектор.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот