Продолжуваат судирите во Ирак, четворица војници загинаа во јужните провинции

Од:

Четворица војници загинаа во новите одмазднички судири меѓу ривалските групи на шиитските сили во јужен Ирак, соопштија денеска официјални лица, по претходните политички судири во Багдад во кои настрадаа повеќе од 30 лица кои ја доведоа земјата на на работ на граѓанска војна.

Ирачките безбедносни сили брзо беа распоредени во јужниот град Басра, богат со нафта, за да ги спречат судирите што избувнаа во текот на ноќта меѓу вооружените поддржувачи на свештеникот Муктада ал-Садр и ривалската паравоена група Асаиб Ахл ал-Хак, поддржана од Иран.

Двајца војници од групата на Ал Садр и двајца од ривалската група загинаа во конфликтот, изјавија неименувани официјални лица кои не дадоа дополнителни детали.

Нападите уследија по судирите во зоната на владата во Багдад меѓу лојалистите на Ал Садр и ирачките безбедносни сили во кои загинаа најмалку 30 лица, а повеќе од 400 беа ранети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак