Демонстрантите денеска се вратија на улиците ширум Мјанмар, откако вчера беа убиени најмалку 38 луѓе во судири со безбедносните сили, кои употребија боева муниција.
Мјанмар е бликиран од протести повеќе од еден месец, а демонстрантите бараат ослободување на затворените лидери.
Протестите во Мјанмар почнаа откако армијата на 1 февруари воведе вонредна состојба и ја презеде власта во државата и уапси високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори, меѓу кои и легално избраната премиерка Аунг Сан Су Чи. Власта ја презеде командантот на вооружените сили генерал Мин Аунг Хлаинг, кој смени 24 министри и заменици и именува 11 нови министри.