Унгарската полиција соопшти дека поради анонимна закана за бомба ги проверува сите меѓународни возови, што пристигнуваат во Унгарија.
Досега во ниту еден воз не е пронајден експлозив, но Унгарски железници соопштија дека до полноќ ќе се проверуваат сите меѓународни возови што влегуваат во државата.
Патниците се предупредени дека поради тоа може да очекуваат задоцнувања.
На погодените им е предложено – враќање на парите и презаверка на билетите.
Предупредување за бомба поставена во меѓународен воз е добиено во денот во кој во Будимпешта премиерот Виктор Орбан имаше средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и колеги од Полска, Чешка и Словечка.