Продолжуваат антивладините протести во Минск

Од:

Во Минск денеска почна уште еден протест, што е најавен како најмасовен досега, а според аналитичарите можно е да биде и најнасилен.

Еден белоруски новинар на Твитер објави дека во моментот на улиците на главниот град на Белорусија има повеќе од 250.000 луѓе, додека според проруските агенции бројот на демонстранти изнесува 70.000.

На протестите им се приклучија и работниците од фабриката МТЗ и рударите од Солигорска, кои се во штрајк и покрај вчерашните предупредувања од белорускиот претседател Александар Лукашенко дека ако не се вратат на работните места жќе добијат отказ.

Демонстрациите во Белорусија почнаа на 9 август поради незадоволство од изборините резултати според кои Лукашено го освои шестиот мандат со над 80 отсто од гласовите. Демонстрантите бараат оставка од Лукашенко, додека тој тврди дека протестите имаат финансиска и воена поддршка од Запад.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина