Продолжува судењето на Саркози за нелегално финансирање на кампања

Од:

Денеска продолжува судењето на поранешниот француски претседател Никола Саркози за незаконско финансирање на неуспешна изборна кампања во 2012 година, откако беше одложено во март затоа што еден од адвокатите се зарази со коронавирус.

Судењето фрла нова сенка на кариерата на Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, коментираат локалните медиуми.

Поранешниот француски претседател веќе е осуден за корупција во друг случај. Тој ја обжали пресудата на 1 март.

Обвинителите тврдат дека Конзервативната партија на Саркози потрошила скоро двојно повеќе од 22,5 милиони евра дозволени според изборниот закон за раскошни изборни митинзи и потоа ангажирале пријателска агенција за односи со јавноста за да ги прикрие тие трошоци.

Обвинителите во обвинението признаа дека нивната истрага не успеала да докаже дали Саркози организирал сè или бил вмешан во интригите, но велат дека тој сигурно бил свесен за тоа.

Саркози (66) постојано се изјаснуваше за невин и рече дека не знаел за постапката за лажна наплата. Ако се докаже неговата вина, му се заканува казна затвор од една година и парична казна до 3.750 евра.

Би можело да ве интересира

Французите формираа Кризен штаб поради саботажа на железницата

Горан Наумовски

Нова драма во близина на границата во Франција: Евакуиран аеродром

Горан Наумовски

Францускиот премиер: Нападите на железницата имаа една цел – да ги блокираат возовите за Париз пред Олимписките игри

Француските власти уапсија Русин осомничен дека планирал „дестабилизација на Олимписките игри“

Горан Наумовски

Уапсен осомничен за смртта на седум членови на едно семејство од Ница

(ВИДЕО) Најмалку седум лица загинаа во пожар во зграда во Франција