Продолжува офанзивата на сириската армија во Алепо

Од:

Во бомбардирањето на позициите на сириските бунтовници во градот Алепо загинаа повеќе од 70 луѓе, а разурнати се најмалку 40 згради од утрово, изјави началникот на Цивилната заштита во Алепо, Амар ал Селмо.

Тоа е втор ден од интензивните бомбардирања во бунтовничките делови на градот откако сириската армија објави почеток на офанзивата за целосно преземање на Алепо, кој пред почетокот на војната беше најголем град во Сирија.

Сирската опсерваторија за човекови права соопшти дека нападите ги извршуваат хеликоптери на сириската армија и руски воени авиони.

Организацијата со седиште во Лондон додаде дека досега се убиени приближно 30 лица, меѓу кои и деца, а десетици се повредени. 

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Лебот во Алепо поскапе за 900 отсто

ВИДЕО: Сириски и руски авиони ги бомбардираат позициите на бунтовниците во Алепо и Идлиб

Израел ги гранатираше сириските аеродроми во Дамаск и Алепо

ВИДЕО: Израел повторно го нападна аеродромот во Алепо

ВИДЕО: Израел ги нападна аеродромите во Сирија