Продолжува гранатирањето во Доњецк

Од:

Интензивното гранатирање во Доњецк, на истокот на Украина, продолжи и денеска, јавија западните медиуми, додавајќи дека експлозии можеле да се слушнат од центарот на градот на секои две минути.

Останува не е јасно кој ги лансирал проектилите и која била метата на нападите.

Борбите на украинската војска и проруските сили, најчесто се водат околу аеродромот во Доњецк, кој се наоѓа надвор од центарот на градот.

Минатиот викенд Доњецк го претрпе најжестокото грнатирање во изминатиот месец, а украинската војска ги обвини проруските сили дека се одговорни за обнова на конфликтот.

До најновата ескалација на судири дојде по изборите на 2 ноември во самопрогласените Доњецка и Луганска „народни републик“, кои Киев ги оцени како кршење на мировната спогодба.

Според податоците на ОН, од почетокот на судирите на источна Украина, кон средината на април оваа година, загинале 3.700 луѓе, додека над 9.000 биле ранети.

На 5 септември на состанокот трилатерална контакт група за Украина во Минск, Киев и сепаратистите договорија прекин на огнот, но од тогаш Доњецк беше повеќе пати гранатиран.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион