Продолжен мандатот на Расмусен

Од:

Политичкиот совет одлучи на генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен да му го продолжи мандатот за една година, беше објавено денеска од седиштето на Северноатлантската алијанса.

Во соопштението на НАТО се наведува дека Северноатлантскиот совет, главното политичко тело на Алијансата, одлучи Расмусен да остане на функцијата до 31 Јули 2014. иако неговиот четиригодишен мандат истекува следната година.

Во соопштението не се прецизира причината за таквата одлука, но претходно имаше шпекулации во медиумите дека Расмусен побарал продолжување на мандатот за да го заврши планираното повлекување на НАТО војниците од Авганистан.

Расмусен, кој досега избегнуваше да ги потврди или негира наводите, подоцна во попладневните часови треба да и се обрати на јавноста.

Би можело да ве интересира

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година