Американецот Вал Патерсон, година дена пред да почине си го подготвил сопствениот некролог во кој ги открил сите свои гревови. Тој починал на 59 години од рак на грлото, наместо да остави зад себе солзи, тој остави вчудоневиденост и насмевки со тоа што го напишал.
Необичниот некролог го започнува со изјавуањето на љубов кон неговата сопруга, а потоа и листата на гревови.
Патерсон признава дека никогаш не докторирал на Универзитетот во Јута, туку благодарение на административна грешка тој си добил докторска диплома која воопшто не му пречела и не се обидел да ја поправи грешката.
Тој во 1971 година без да го откријат украл сеф од еден мотел, потоа една фонтана во националниот парк Јелостоун ја наполнил со камеса и на крајот признава дека доживтно му е забранет влезот во Дизниленд заради младешките лудувања.
Исповедта на Вал, објавена во „Солт Лејк Трибју“ сите ги изненадила, но и насмеала.
Неговата сопруга Мери Џејн (33) потврдила дека сите информаци се вистина, шегувајќи се дека Вал сакал да направи нови стандарди за некролозите.