Приврзаници на Морси протестираа пред Владата во Каиро

Од:

Неколку стотина приврзаници на соборениот од власт египетски претседател Мохамед Морси се собраа денеска во близина на зградата на Владата во Каиро, протестирајќи поради преодната влада, чии членови вчера положија заклетва.

Демонстрантите сметаат дека новото раководство е нелегитимно и бараат Морси повторно да се врати на функцијата.

– Ние имаме влада и легитимен претседател. Се што прават сега овие заговорници е нелегално, изјави Самир Набил, официјален претставник на Партијата на слободата и правдата, која е политичко крило на движењето „Муслиманско братство“.

Без разлика на повикот на премиерот Хазем ел-Беблави, исламистите не влегоа во владата, која брои 34 члена.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет