Неколку илјади исламисти, приврзаници на отповиканиот претседател Морси, протестираат низ улиците на Каиро.
Протестите продолжуваат во момент кога странските пратеници интензивно разговараат со двете спротивставени страни, со цел да пронајдат решение кое ќе стави крај на крвопролевањето, пренесува „Ројтерс“.
Безбедносните сили не се обидуваат да ги растераат револтираните демонстранти, кои на околните згради испишуваат графити против воениот генерал, Абдел Фатах ал Сиси.
Елена Георгиевска