Привремениот претседател на Египет го распушти Парламентот

Од:

Привремениот претседател на Египет со указ го распушти Консултантивниот совет (Шура), објави државната телевизија.

Консултантивниот совет ја извршуваше улогата на законодавен орган (Парламент) откако со судска одлука пред една година беше распуштен Долниот дом (Народното Собрание) заради неправилности во време на парламентарните избори.

Државната телевизија во извештајот додава дека е сменет шефот на разузнавањето Мохамед Рафат Шехата, назначен од поранешниот претседател Мохамед Морси. Шехата ќе биде советник на привремениот претседател Адли Мансур.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски