Египетски обвинител нареди продолжување на притворот на соборениот претседател Мохамед Морси за уште 15 дена, се додека се води истрагата за тврдењата за негово учество во „појавите на насилство“, пренесоа британските медиуми.
Минатиот четврток египетските судски власти го продолжија притворот на Морси за 30 дена во врска со друга истрага.
Отстранениот претседател се наоѓа на место што се чува во тајност. Тој е обвинет за убиство и шпионажа.
Новата истрага се однесува на протестите, што се оддржаа пред претседателската палата во декември минатата година.