Пристигнаа првите мобилизирани руски сили: Војниците повикани на воена служба пристигнаа во Доњецк

Од:

Таканаречената „Народна милиција на Доњецката Народна Република (ДПР)“ на Телеграм објави дека во Доњецк пристигнале првите руски војници од делумната мобилизација.

„Првите војници повикани на воена служба во најавената делумна мобилизација во Русија пристигнаа во зоната на специјалните воени операции, на територијата на ДНР. Сега тие минуваат низ интензивен курс за борбена обука на полигоните, што го опфаќа искуството од битките во последните месеци. Жителите на Народната Република воодушевени го поздравија пристапот на силите и му благодарат на претседателот на Руската Федерација за одлуката“.

Како што беше претходно најавено, денеска на специјална церемонија во Кремљ ќе бидат потпишани четири договори за прием на нови територии во Руската Федерација.

„Главниот настан ќе започне во 15:00 часот по московско време во салата Свети Ѓорѓи во Кремљ. По него ќе следи говорот на рускиот претседател Владимир Путин, кој, уште еднаш да нагласиме, е важен. А потоа ќе има церемонија на потпишување документи“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој, исто така, посочи дека Русија ќе ги смета нападите на, како што рече, нејзините нови територии како акт на агресија.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски