Припадници на ИД урнаа џамија во Мосул

Од:

Припадници на групата Исламска држава (ИД) ја кренаа во воздух големата џамија Ал Нури во Мосул, соопшти ирачката армија.

Во џамијата Ал Нури, лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади го објави прогласувањето на т.н. „Исламски Калифат“.

Минатата недела беше објавено дека Багдади е убиен во руски воздушен напад во Сирија, но веста засега не е потврдена.

Новинската агенција на ИД – Амак, меѓутоа, објави дека џамијата Ал Нури е уништена во воздушен напад на САД.

Според ирачката армија, експлозијата во џамијата се случила кога ирачките елитни единици за борба против тероризмот стигнале на 50 метри до Ал Нури.

Коалицијата предводена од САД и дава поддршка од воздух на ирачката армија во офанзивата во Мосул, која почна во 2016 година.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак