Приоритет за Нетанјаху во новиот мандат социјалните и економските прашања

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети денеска дена приоритет за време не неговиот нов премиерски мандат ќе им даде на социјалните и економските прашања. Тој нагласи дека сака што е можно поскоро да ја состави новата влада.

Израелците сакаат да состават влада, која ќе почне три големи промени во внатрешната политика – постигнување на поголема рамноправност, одредување прифатливи цени на станбените објекти и промени во методите на владеење на земјата, рече Нетанјаху.

Тој појасни дека ќе води преговори со други партии за составување на влада, која ќе ја поддржува идејата за тие промени.

Овие три приоритети одговараат на некои од точките во програмата на Јаир Лапид, поранешен новинар, чија партија постигна изненадувачко добри резултати на парламентарните избори во Израел. Сега партијата на Лапид „Јеш атид“ (Има иднина) е во важна позиција при водењето на преговори за новата влада.

Коалицијата составена од партијата Ликуд на Нетанјаху и на партијата на ултранационалистот Авигдор Либерман „Израел бејтену“ (Нашиот дом Израел) успеа да освои едвај 31 место во Парламентот. Двете партии досега имаа 42 мандати. Партијата на Лапид успеа да освои 14 места.

Централната изборна комисија соопшти дека на изборите излегле 3.767.000 избирачи, а излезноста изнесувала 66,6 отсто. Според последните податоци на Комисијата сите кутии со гласачки ливчиња се отворени, а 99 отсто од ливчињата се преброени.

Партијата Кадима забележа мошне низок резултат, но сепак успеа да влезе во Парламентот и стана 12 партија, која ќе биде претставена во Кнесетот. Според досегашните резултати во Кнесетот левицата и десницата ќе имаат по 60 мандати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски