Сопругот на британската кралица Елизабета Втора принц Филип (91) е одлукуван со еден од највисоките канадски ордени.
Херцогот од Единбург е прогласен за кавалер на Канадскиот орден и за командант на орденот „за воени заслуги“.
Церемонијата беше водена од генерал-гувернерот на Канада, Дејвид Џонстон, претставник на кралицата Елизабета Втора, која официјално е претседател на поранешната британска колонија.
Британскиот принц е во приватна посета на Торонто.