Пригожин: Не верувајте во руската државна телевизија

Од:

Евгениј Пригожин ги повика Русите да не веруваат во она што им го кажуваат на државната телевизија.

„Кога ќе ви кажат дека приватната воена компанија „Вагнер“ го нарушувала бизнисот и затоа нешто на фронтот пропадна… работите на фронтот не се срушија поради таа причина“, рече тој во новото видео објавено на Телеграм.

„Изгубена е огромна количина на територија. Убиени војници, три, четири пати повеќе од она што е напишано во документите што му беа презентирани на врвот (раководството)“, додаде тој.

„Гардијан“ не можеше да ги потврди тврдењата на Пригожин.

Водачот на платениците во видеото вели дека се наоѓа во воениот штаб на Ростов на Дон, кој е клучна логистичка база за руската офанзива во Украина.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина