Шефот на паравоената група „Вагнер“ Евгениј Пригожин денеска потврди дека неговите војници ќе го запрат движењето кон Москва „за да не се пролее руска крв“.
Како што рече во аудио пораката, Вагнер пристигнал на 200 километри од руската престолнина без ниту една капка крв пролеана од неговите борци и сега ќе сврти во друга насока.
Тој рече дека им дал команда на борците „вагнер“ да се вратат во базите.