При воздушни напади на арапската коалиција во Јемен загинаа 21 цивил

Од:

Најмалку 21 цивил загинаа  денеска во северозападниот дел на Јемен, при воздушни напади на арапската коалиција, предводена на Саудиска Арабија.

Загинатите лица патувале со пикап возило кон локалниот пазар во регионот Хиран во северозападната провинција Хиџах, која ја контролираат шиитските бунтовнци Хути, кои ја имаат поддршката од Иран.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија од март 2015 година врши напади врз Хутите во Јемен, со цел да му меѓународно признатиот претседател Абд Рабу Мансур Хади, кој живее со егзил во Саудиска Арабија, да ја поврати власта во земјата.

Наспроти илјадниците воздушни напади, при кои беа погодени училишта, пазари, болници и домови и загинаа голем број цивили, владините сили не успеаја да ги потиснат Хутите од главниот град Сана.

Најмалку 100.000 лица загинаа во 20-месечниот конфликт, кој предизивика хуманитарна криза во една од најсиромашните арапски земји.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида