Најмалку 16 лица загинаа, а 50 се повредени откако се превртел камионот што ги превезувал. Камионот се удрил во бетонски ѕид на автопат во северна Индија, соопшти локалната полиција.
Индиската полиција наведе дека одреден број лица паднале во клисурата, што се наоѓа до автопатот, како последица од превртувањето на камионот.
Повредените лица се пренесени во болница.
Портпаролот на Владата на индиската држава Мегалаја Арун Камбави наведе дека веројатно несреќата се случила бидејќи возачот изгубил контрола над камиот на острата кривина во близина на градот Нонгспунг.