Во пожар што вчера изби во Дом за деца без родители во близина на главниот град на Хаити, Порт о Пренс загинаа 15 деца.
Помеѓу жртвите се седум бебиња и шест деца на возраст од 10 до 11 години.
#Haiti orphanage fire kills 15, renews debate over unlicensed orphanages https://t.co/3QrzXiVrDA pic.twitter.com/cH8aDJkBNq
— Press TV (@PressTV) February 15, 2020
Воспитачката во Домот, Роз-Мари Луи изјави дека на пожарникарите им требало еден час да пристигнат со местото на несреќата.
Пожарот бил предизвикан најверојатно од свеќи, кои се користеле бидејќи имало дефект во интерниот систем за електрично напојување.