Вооружени лица убија 100 цивили во напад врз село во северниот дел на Буркина Фасо, соопшти владата на таа африканска земја.
„Напаѓачите го извршиле нападот синоќа и ги убиле жителите на селото Солхан, а нивните домови ги запалиле“, се додава во соопштението.
Владата ги означи напаѓачите како терористи.
Други детали сè уште не се објавени.