Кандидатот за претседател на главната опозициска сила во Чиле, Пабло Лонгеира се повлече од претседателската трка, поради депресија.
Конзервативецот Лонгеира, кој е поранешен министер за економијата, беше избрана за претседателски кандидат на десницата на прелимеинарното гласње во редовите на опозицискиот блок. Неговата здравствена состојба потоа се влоши, а лекарите, како што соопшти неговиот син Хуан Пабло Лонгеира, му дијагностицираа депресија.
Претходниот кандидат за претседател на десницата Лауренсе Голборн, се повлече од трката во април. Голборн, бизнисмен и поранешен министер за рударство, беше принуден да се повлече поради нерегуларности во работењето на неговата компанија и тврдењата дека имал непријавени офшор сметки.
Повлекувањето на Лонгеира му нанесе уште еден удар на веќе ослабениот десен блок пред претседателските избори на 17 ноември. Тоа може и да ги зголеми уште повеќе шансите на кандидат на левицата, поранешната претседателка Мишел Бачелет, да биде избрана на функцијата.