Претседателски избори во Русија во март, ќе гласаат и жителите на анектирани украински региони

Од:

Горниот дом на рускиот парламент го изгласа датумот на претседателските избори во Русија на 17 март 2024 година.

Одлуката е донесена едногласно со 162 гласа во Советот на Федерацијата.

„Со оваа одлука всушност ја започнуваме изборната кампања“, изјави Валентина Матвијенко, претседател на Советот на Федерацијата.

Таа додаде дека првпат на изборите ќе гласаат жителите на делови од украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои беа припоени од Русија.

Со заеднички избор на претседател на државата, целосно ја споделуваме одговорноста и судбината на нашата татковина“, рече Матвиенко.

Претседателот Владимир Путин се уште официјално не ја објавил својата намера да се кандидира за нов шестгодишен претседателски мандат. Право на глас во Русија имаат околу 110 милиони луѓе, а на гласање излегуваат вообичаените 70-80 милиони.

Би можело да ве интересира

Трамп: Добро се согласувам со Путин

(ВИДЕО) Украинците нападнаа пазар, има мртви и ранети

(ВИДЕО) Русите ги изненадија Украинците користејќи гасовод за да ги „протнат“ војниците

Баро: Путин сака да избегне мир

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

Нов руски напад во Украина, најмалку 20 загинати, меѓу повредените има и деца