Претседателот на Мексико размислува да ја откаже посетата на САД

Од:

Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието размислува дали да ја откаже планираната посета на Вашингтон, што треба да се реализира следната недела, изјави неименуван висок мекискански владин претставник.

Пења Нието размислува за откажување на посетата откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша указ за изградба на ѕид на границата меѓу САД и Мексико.

Мексиканскиот претседател синоќа изрази жалење поради указот на Трамп.

– Жалам за таквата одлука и ја осудувам. Мексико не верува во ѕидови. Неколку пати кажав дека Мексико нема да плати за ѕидот, напиша Пења Нието на Твитер.

Средбата е предвидена на 31 јануари. Во САД во моментот се мексиканскиот министер за економија и за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија