Претседателот на Колумбија испраќа армиски сили во Кали – центар на демонстрациите против даночната реформа

Од:

Колумбискиот претседател Иван Дуке нареди да бидат испратени армиски сили како помоош на полицијата во во градот Кали, трет по големина со население од 2,2 милиони луѓе и е центар на масовните протести против даночните реформи.

– Почнува веднаш распоредување на воена помош за полицијата во градот Кали и во департманот Вале дел Каука, изјави Дуке, чиј говор беше пренесен на Твитер страницата на неговата администрација.

Според претседателот, најискусните офицери ќе бидат испратени во регионот.

Демонстрации против даночната реформа се одржуваат во Колумбија од 28 април. Немири се случија во Богота, Кали, Меделин и други градови. Повеќе од 2.000 лица беа повредени, а други 42 беа убиени. Владата подоцна се согласи да ги измени плановите за реформи, министерот за финансии поднесе оставка, но протестите продолжија.

Би можело да ве интересира

Петро: Кокаинот е нелегален само затоа што доаѓа од Латинска Америка

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он