Претседателот на Јужноафриканската Република позитивен на Ковид-19

Од:

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса е позитивен на коронавирусот и има благи симптоми, соопштија од неговиот кабинет.

Тој се наоѓа во самоизолација во Кејптаун, а должностите во текот на неделата му ги додели на заменикот Дејвид Мабузи.

Рамафоса (69) бил вакциниран со две дози вакцина против Ковид-19. Во соопштението не се наведува дали е заразен со сојот Омикрон.

Во изминатиот период тој посети четири земји во Западна Африка, а во секоја од нив имаше негативни резултати на задолжителното тестирање. Тој се врати дома од Сенегал на 8 декември.

Претседателот на Јужноафриканската Република истакна дека неговата инфекција треба да биде лекција за сите зошто треба да се вакцинираат. Рамафоса додаде дека вакцината и натаму е најдобра заштита од тешки форми на заболување и хоспитализација, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мамер: Забраната на ЕК за патување од Јужна Африка е мерка на претпазливост

А1он

Европските и азиските земји воведуваат рестрикции за патувања од ЈАР поради новата варијанта коронавирус

Јужна Африка одобри вакцинација на деца на возраст над 12 години

Во Јужна Африка запленети фалсификувани вакцини против Ковид-19

Половина од Јужноафриканците се потенцијално заразени со Ковид-19