Мамер: Забраната на ЕК за патување од Јужна Африка е мерка на претпазливост

Од:

Минатата недела Европската комисија препорача да се забрани патувањето од Јужна Африка во ЕУ поради појавата на сојот омикрон, што предизвика гнев во африканската земја.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Европската комисија оваа мерка ја оправдува како “мерка на претпазливост“.

-Оваа мерка на претпазливост мораше да се донесе не затоа што ќе ја стопира мутацијата која е веќе во Европа, тоа не е возможно, туку за да се обезбеди забавување на ширењето за да им се даде на здравствените власти во ЕУ и на фармацевтските добавувачи време да се адаптираат, изјави портпаролот Ерик Мамер.

Јужна Африка смета дека е неправедно казнета иако навремено го открила новиот сој и ги предупредила сите партнери. Денеска медиумите исто така јавија дека сојот омикрон веќе бил присутен во Холандија една недела пред најавата на Јужна Африка.

-Свесни сме за товарот кој се става на земјите, одговорот на ЕУ властите е да делуваат на начин кој ќе го заштити здравјето на граѓаните на ЕУ, ќе продолжиме да соработуваме со Јужна Африка за да го спречиме напливот и да се бориме против пандемијата, рече портпаролот.

Тој додаде дека ЕУ одблиску соработува со Јужна Африка за развојот на вакцини. Европската комисија “топло“ ги поздрави напорите на Јужна Африка за откривањето на сојот, изјави од ЕК.

Би можело да ве интересира

Израелска студија: Четвртата доза вакцина против Ковид-19 со ограничена заштита од сојот омикрон

А1он

Институтот Пастер најавува пик на бранот инфекции и хоспитализации поради сојот Омикрон

А1он

Вирусолог од Србија: Омикрон веројатно води до крај на коронавирусот

А1он

ЕУ ги отстрани Австралија, Канада и Аргентина од листата на олеснети патувања

А1он

Европскиот буџет за хуманитарна помош ќе изнесува 1,5 милијарда евра за 2022

Ана Ололовска

Европската унија го поздрави резултатот од српскиот референдум за уставни измени

Ана Ололовска