Претседателот на Јужна Кореја ги прекина неформалните брифинзи за медиумите поради Ковид-19

Од:

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол ќе ги прекине неформалните прес-брифинзи што ги одржува речиси секојдневно откако ја презеде функцијата во мај, соопшти денеска неговиот кабинет.

Како што се наведува, зголемениот број заразени со коронавирусот е една од причините за ваквата одлука.

Прекинот на брифинзите доаѓа во време на се почести прашања за скандали и партиски превирања, коментираат светските медиуми.

Истражувањето на агенцијата Рилметерс (Realmeters) покажа дека рејтингот на јужнокорејскиот претседател денес е 37 отсто, што е значителен пад од повеќе од 52 отсто во првата недела од јуни, додека 57 отсто од луѓето сега не ја одобруваат неговата работа.

Кабинетот на Јун во соопштението наведе дека и другите известувања за претседателот исто така ќе бидат ограничени, и оти портпаролите ќе пишуваат коментари, заедно со фотографии и видеа од неговите настани, наместо да одржуваат брифинзи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Бројот на жртви од невремето се искачи на 21

Јужна Кореја загрижена поради ракетата презентирана во Пјонгјанг

А1он

Заразен маж посетил повеќе ноќни клубови, градот го направил ново жариште на коронавирус

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја ќе ги награди своите граѓани за нивните страдања поради Ковид-19

А1он

Експлозија во јужнокорејска база, погинаа тројца војници