Претседателот на Јемен поднесе оставка

Од:

Претседателот на Јемен, Абед Рабу Мансур Хади денеска поднесе оставка, јавија западни медиуми повикувајќи се на негови советници.

Претходно оставка поднесе и јеменската Влада.

Претседателот и Владата поднесоа оставка во момент на длабока политичка криза во земјата.

Владата на Бахак беше формирана во ноември од технократи и претставници од различни политички групи и одобрена од Парламентот во декември.

Шиитските бунтовници кои контролираат голем дел од Сана, ги поздравија отстапките на премиерот за поделба на власта. Тие се уште го држат претседателот како заложник во резиденцијата.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен