Претседателот на Јемен бара од СБ на ОН да одобри интервенција

Од:

Претседателот на Јемен побара вчера од Советот за безбедност на Обединетите нации да ја поддржи воената акција на земјите, кои сакаат на неговата Влада да и пружат воена помош во борбата против шиитските милиции, кои контролираат голем дека од северот на земјата и напредуваат кон југ.

Во писмото јеменскиот претседател Абд Рабо Мансур Хади, 15-членото тело на ОН го повика да усвои резолуција, која ќе им одобри на коалициските војници да му помогнат на Јемен и да им пружат поддршка на легитимните власти.

Во писмо на Хади се наведува дека поддршката би ги подразбирала сите средства и мерки заради заштита на Јемен и одбивање на агресијата на шитските милиции, хути.

Јеменскиот претседател побарал резолуцијата да биде усвоена врз основа на Главата Седум од Повелбата на ОН.

Хади во писмото побара и од шестчлениот Совет за соработка на заливските земји и Арапската лига воено да интервенираат и да го заштитат Јемен и јеменскиот народ.

Шиитската милиција ја презеде контроката во Сана во септември и оттогаш инсистира да го прошири своето влијание надвор од главниот град, а Хади побегна во февруари од Сана во родниот град Аден, во јужниот дел на земјата.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен