Претседателот на ЕП Сасоли со честитки за победата на Бајден, посакува свет со помали нееднаквости кој е во интерес на сите

Од:

Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли со честитки за победата на Бајден, посакува свет со помали нееднаквости кој е во интерес на сите, јави дописникот на МИА.

-Ние многу внимателно ги следевме претседателските избори во САД. Ова е избор на голем партнер на Европската унија, на сојузник со кого поминавме долг пат во модерното време и со кого сакаме да продолжиме да работиме, вели Сасоли во видеопораката, додавајќи „На новиот претседател Џо Бајден, нашите најдобри желби“.

-На светот му треба силна врска меѓу Европа и Соединетите држави, повторно започнување на трансатлантските односи, способни да одговорат на многу предизвици со кои се соочуваат овие времиња. Пандемијата со КОВИД-19 е првпат Европа и Соединетите држави да се соочат со глобален предизвик без заедничка визија. Ова ги прави нашите одговори помалку ефикасни, продолжи претседателот на ЕП.

-Сепак, не е само пандемијата која бара повисока и покоординирана врска. Имаме заеднички вредности, силно верување во демократијата и слободата. Заедно можеме да се бориме против климатските промени, да се справиме со зелената транзиција и дигиталната трансформација, да се посветиме на гарантирање на нашата безбедност, борба против тероризмот и одбрана на човековите права. Свет со помала нееднаквост е во сите наши интереси, нагласи Давид Сасоли.

Тој на крајот истакна дека „со нетрпение очекува да соработувам тесно со Конгресот на Соединетите држави и новата администрација на Бајден“.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина