Претседателот на Буркина Фасо воведе вонредна состојба

Од:

Претседателот на африканската држава Буркина Фасо, Блез Компаоре денеска прогласи вонредна состојба и вети преговори со опозицијата, откако демонстранти влегоа во Парламентот и го запалија непосредно пред гласањето на предлог-законот, со кој на шефот на државата, по 27 години на власт, му се дозволува повторно да се кандидира на изборите.

– Прогласена е вонредна состојба во целата земја. Командантот на вооружените сили е одговорен за спроведување на оваа одлука, која веднаш стапува во сила, објави локалното „Радио Омега ФМ“.

Претходно беше соопштено и дека претседателот денеска ја распуштил Владата, со цел да се обезбедат услови за промена.

– Барам од лидерите на опозицијата да ги прекинат протестите. Ветувам дека од денеска ќе бидеме отворени за разговор со сите актери за да се стави крај на кризата, се наведува во соопштението.

Претходно, илјадници демонстранти излегоа на улиците на главниот град на Буркина Фасо.

Би можело да ве интересира

Најмалку 33 војници загинаа во напад на џихадисти во Буркина Фасо

Ана Ололовска

Буркина Фасо побара повлекување на француските војници од нејзината територија

Ана Ололовска

Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови

Ана Ололовска

Буркина Фасо: Соборениот лидер на хунтата Дамиба се согласи да поднесе оставка

Ана Ололовска

ЕУ го осуди новиот државен удар во Буркина Фасо, втор за осум месеци

Ана Ололовска