Претседателот на Буркина Фасо поднесе оставка

Од:

Претседателот на Буркина фасо, Блез Кампаоре соопшти дека поднесува оставка, откако главниот град Уагадугу и денеска го потресуваат масовни демонстрации на опозицијата и на продемократските активисти,птотив неговото 27 годишно владеење со оваа африканска земја.

Во соопштението Кампаоре вели дека „претседателската функција сега е испразнета“.

Веста за оставката ја потврди и претставник на армијата, која веднаш предизвика големо воодушевување кај демонстрантите.

Соопштението за заминувањето на Кампаоре доаѓа само неколку часови по неговото претходно соопштение дека ќе остане на функцијата барем уште една година, додека со земјата ќе управува транзициона влада.

Во таа изјава за телевизијата, Кампаоре инсистираше дека ќе ја предаде власта кога транзиционата влада ќе го заврши својот мандат, што колку што е најавено треба да трае во следните 12 месеци.

Оставката на претседателот на Буркина Фасо се случува само 24 часови по немирите и судирањата со безбедносните сили на земјата, што избувнаа во главниот град Уагадугу, откако продемократските демонстранти навлегоа во зградата на Парламентот, за да го спречат изгласувањето на контроверзниот уставен амандамн, со кој требаше да укине ограничувањето на мандат на претседателот.

Кампаоре управува со земјата уште од 1987 година, по убиството на неговиот претходник Томас Санкара. Актуелниот претседател сега ја извршува функцијата во четвртиот, едноподруго мандат, што истекува идната година. Владата се обиде да му обезбеди и петти мандат по ред, но демонстрантите бараат тој да си замине од функцијата по 27 години на власт.

Владата го суспендира донесувањето на амандманот што требаше да го озакони останувањето на власт на Кампаоре, откако демонстрантите го опустошија и запалија Парламентот, уништија десетици владини возила и ја освоија држваната телевизиска станица, прекинувајќи ја програмата.

Повеќе од 30 лица се убиени во немирите, а повеќе од 100 се повредени.

Амандаманот што ги предизбика протестите, беше во меѓувреме повлечен.

Транзиционата влада ја формира началникот на Генералштабот на армијата, Оноре Траоре кој најави консултации со сите политички партнери во земјата и го распушти Парламентот. Во кусата изјава Траоре објави дека транзиционата влада ќе функционира 12 месеци,но не даде никакви други детали.

Висок функционер на ОН, престојува денеска во Уагадугу, во обид да се посредува за смирување на ситуацијата во земјата,но засега не се знае кој ја има власта во Буркина Фасо.

Би можело да ве интересира

Најмалку 33 војници загинаа во напад на џихадисти во Буркина Фасо

Ана Ололовска

Буркина Фасо побара повлекување на француските војници од нејзината територија

Ана Ололовска

Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови

Ана Ололовска

Буркина Фасо: Соборениот лидер на хунтата Дамиба се согласи да поднесе оставка

Ана Ололовска

ЕУ го осуди новиот државен удар во Буркина Фасо, втор за осум месеци

Ана Ололовска