Претседателот на Буркина Фасо, Блез Компаоре ја укина вонредната состојба воведена вчера по демонстрациите кои прераснаа во насилство во главниот град Уагадугу.
Во немирите загинаа 30 луѓе, а околу сто се повредени, изјави опозицискиот лидер Абласе Уедраого.
Претседателот Компаоре вчера ја распушти Владата, со цел да се обезбедат услови за демократски промени. Тој вети разговори со опозицијата.
– Барам од лидерите на опозицијата да ги прекинат протестите. Ветувам дека од денеска ќе бидеме отворени за разговор со сите актери за да се стави крај на кризата, изјавиу вчера Компаоре, кој е на власт речиси 30 години.