Претседателот на австриската еврејска заедница го повика Курц да не коалицира со ФПО

Од:

Еврејската заедница на Австрија упати повик до мандатарот Себастијан Курц да не формира влада со националистичката Партија на слободата (ФПО) на Хајнц Кристијан Штрахе.

– Кога националистичкиот волк ќе се преправи во сина овца, тоа не го менува неговиот карактер туку само неговиот изглед, пишува во отвореното писмо што Оскар Дојч, претседател на најголемото еврејско здружение во Австрија го упати до Курц.

Народната партија ОВП на Курц победи на изборите и има можност да бира дали да коалицира со идеолошки по-блиската ФПО или пак да ја продолжи традиционалната коалиција со социјал-демократската партија СПО. Во 2000 година Австрија се најде под низа санкции од страна на Европската Унија, откако ОВП формираше влада со ФПО, тогаш предводена од Јорг Хајдер.

Курц изјави дека неговата партија има слични ставови со ФПО по многу прашања. Штрахе, пак, вели дека неговата ФПО е затворена за анти-семити и дека партиските тела бргу реагираат по секој инцидент на говор на омраза насочен против Евреите. Самиот Штрахе го посети меморијалниот центар на Холокаустот Јад Вашем во Израел и вели дека анти-семитизмот е кривично дело.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник