Претседателот Макрон во ненајавена посета кај професорот Дидие Раул во Марсеј

Од:

Шефот на француската државата, Емануел Макрон, денеска беше во ненајавена посета на Марсеј, кај професорот Дидие Раул кој се залага за третман со хидроксихлорокин против коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Посетата на Макрон на Раул, предводник на третманот со хидрохлорохид против Ковид-19, ја илустрира желбата на претседателот да се консултира во сите, пред да се донесат новите одлуки во кризата со коронавирусот. Особено откако контроверзниот професор стана една од медиумски најпознатите личности од почетокот на епидемијата.

За време на разговорот, професорот Раул му ги претстави на претседателот резултатите од неговите студии кои ја покажуваат, според него, ефективноста на хидроксихлорокин (дериват на хлорокин, лек против маларија) од појавата на првите симптоми на коронавирусот. Резултати, што одреден број на лекари и научници, ги доведуваат во прашање.

Макрон досега нема зазедено став во оваа полемика, која, исто така, ги вознемирува јавното мислење и политичката класа. Но, како и министерот за здравство Оливие Веран, тој веќе имаше разговарано со професорот Раул, на самиот почетокот на кризата.

Оваа посета е дел од низата консултации преземени од францускиот претседател, за да го подготви телевизискиот настап што тој планира за понеделник навечер, кога се очекува да го потврди продолжувањето на ограничувачките мерки.

Повеќе политичари од десницата, како претседателот на регионот Прованс Алпи- Азурен брег, Рено Музолире, ја поздравија посетата на Макрон на Раул, како „признание од државата за овој голем лекар, научник од светска класа“

Соочен со притисок, министерот за здравство Оливие Веран минатиот викенд повика да не се прескокнуваат фазите, потенцирајќи дека наскоро ќе се знаат првите средни резултати од клиничките студии, кои имаат за цел да утврдат дали хлорокинот, но и „други ветувачки лекови“ се ефикасни кога се земаат рано во оваа болест.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Макрон: Треба да изградиме Европа која ќе биде одбранбена и способна

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Макрон го повика Израел да престане да ескалира, а Хезболах да ги прекине непријателствата

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат