Претседателот Јоханис го поддржа предлогот за предвремени избори во Романија

Од:

Романскиот претседател Клаус Јоханис вчера го поддржа свикувањето предвремени избори во земјата, пренесе агенцијата Аџерпрес.

„Романците сакаат Социјалдемократската партија (СДП) да се повлече од власта. Треба да бидеме реални. Ние (Национално-либералната партија) ги освоивме изборите за Европскиот парламент, јас победив на претседателските избори, но во парламентот остануваат истите пратеници, кои беа избрани во 2016 година. СДП има многу пратеници и не сака да ја предаде власта“, рече Јоханис.

Во ситуација кога Романците сакаат промени и тоа го покажаа на сите избори, природно е да се свикаат парламентарни избори колку што е можно поскоро, рече Јоханис.
Според претседателот, предвремените избори нема да доведат до политичка криза или да ја усложнат ситуацијата во земјата.

Јоханис во ноември 2019 година го освои својот втор претседателски мандат, како кандидат на Национално-либералната партија.

Претходно премиерот Лудовик Орбан соопшти дека предвремените парламентарни избори можат да бидат организирани истовремено со локалните избори во текот на летото.

Редовните парламентарни избори треба да се оддржат на крајот на оваа година, а локалните избори се очекува да бидат во јуни.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген