Претседателката на Тајван Цаи Инг-лин вети дека ќе продолжи со воените реформи по завршувањето на еднонеделниот сет воени вежби кои симулираат инвазија на земјата во услови на тензии со Кина, јави германската агенција ДПА.
– Само затоа што офицерите и војниците во нашите вооружени сили се на своите места, ние можеме да уживаме во демократија и слобода, рече претседателката рано изутринава, за време на воената вежба на плажата Џианан, северно од меѓународното пристаниште Таичунг.
Цаи вети формирање на заеднички баталјони, кои исто така беа вклучени во симулираната вежба за одбрана, која се бори против, наверојатно, кинеската инвазија.
– Националната безбедност никогаш не била добиена со паѓање на колена, додаде таа, предупредувајќи ги 23 милиони граѓани на Тајван дека нивната безбедност „зависи од најцврстата одбрана“.
Тајван во понеделникот почна еднонеделен сет на воени вежби, вклучително и вежби со боева муниција во сценарио за одбрана од инвазивни напади. Вежбите се одвиваат во време на тензии околу потезите од Кина, вклучително и наметнување закон за национална безбедност на Хонг Конг и серија упади од страна на воените авиони на Пекинг во воздушниот простор на Тајван
Главниот настан се одвива денеска и е сценарио за одбрана каде комбинираната копнена, воздушна и морска сила ќе се соочат со наводен непријателски обид за напад на брегот на островот, во округот Џианан.