Претседателката на Европски парламент, Роберта Мецола пред денешната седница на Европски совет изјави дека Украина останува приоритет, но оти ќе се разговара и за други теми.
– Ја поздравувам одлуката за влез на Хрватска во Шенген зоната, но изразувам разочарување што истото не е направено за Бугарија и Романија, истакна Мецола.
Таа се осврна и на корупцискиот скандал во кој е вмешана и поранешната потпретседателка на ЕП, Ева Каили
– Тоа е силен удар за демократијата и за сето она што досега го направивме. На овој самит ќе испратам порака дека нема да ги туркаме работите под тепих. Ќе направам сè што можам заедно со моите колеги да го вратиме позиција на Европскиот парламент како дом на демократијата.чиста, транспарентна и не за продажба, посочи Мецола.
На денешната седница министрите треба да ја потврдат и препораката на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина.
Извор: МИА