Претседателката на Чиле, Мишел Бачелет побара од сите министри во Владата да си поднесат оставка, а таа во следните 72 часа ќе одлучи кои од членовите на кабинетот ќе останат, а кои не.
Потегот на Бачелет доаѓа во момент кога нејзиниот рејтинг е на рекордно ниско ниво. Освен тоа, таа призна дека нејзиниот раководен тим се соочува со корупциски скандали.
Довербата во политичката и бизнис елита е поткопана поради избувнувањето неодамна на скандалот за привилегиран банкарски кредит, кој му бил одобрен на синот на претседателот, како и на аферата со финансирање на предизборна кампања, во која беа вмешани политичари од десницата и позната компанија.
Бачелет беше вторпат избрана см огромна предност за шеф на државата во декември 2013 година. Четиринаесет месеци подоцна нејзината популарност се намалила за 31 отсто, а само 26 проценти од Чилеанците имаат доверба во Владата.