Ле Пен: Треба да постои смртна казна

Од:

Претседателката  на францускиот Национален фронт Марин Ле Пен најави дека доколку победи на претседателските избори во 2017 година, ќе воведе смртна казна.

-Верувам дека треба да постои смртна казна. Секогаш велев дека на граѓаните на Франција ќе им овозможам да се изјаснат за тоа на референдум- рече таа за „Франс 2“ и додаде дека крвавиот  напад во Париз е терористички напад на исламски фундаменталисти.

Националниот фронт Марин Ле Пен моментално е меѓу водечките  француски партии, која според сите анкети има големи шанси за две години, да влезе во вториот круг на претседателските избори.

Инаку како што се наведува Марин Ле Пен се залага за одбрана на државата од исламска опасност, за излегување на Франција од НАТО и за контрола на  прилив на имигранти. 
Е. Г.

Би можело да ве интересира

„Шарли Ебдо“ повторно ги објави карикатурите на Мухамед поради кои беше мета на џихадистите

Ана Ололовска

„Шарли ебдо“ и по пет години по нападот остануива критичар на општетсвото

Ана Ололовска

Џихадистот Петер Шериф почнува со отслужување на петгодишна казна затвор

Ана Ололовска

Во Џибути уапсен џихадист поврзан со нападот врз „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ за сексуалните напади во Келн

Ана Ололовска

Една година по нападите против Шарли Ебдо и Хипер Кашер

Емир Латифовиќ