Неприфатлива е војна со Северна Кореја како и нуклеарно вооружување на државите на Корејскиот Полуостров, изјавија денеска кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот јужнокорејски колега Мун Џае-ин.
Со заедничката изјава тие испратија порака до Северна Кореја, која развива нуклеарен арсенал и ракети со кои би можела да ги погоди соседните држави.
Претседателит Си и Мун сметаат дека нивните заеднички принцпити по прашањето на корејската криза се дека не смее да се дојде до војна, да се работи на отстранувањето на нуклеарното оружје од регионот, сите проблеми да се решаваат со дијалог и дека двете Кореи мора да ги подобрат меѓусебните односи.
Претседателите се сретнаа денеска во Пекинг, а претседалот Мун повика на нов старт во односите меѓу Јужна Кореја и Кина. Тие потпишаа договор за олеснување на меѓусебната трговија, а разговараа и распоредување на американскиот противракетен систем ТХААД во Јужна Кореја, за кој Кина смета дека е закана.